Само вакцинирани ракометари ќе може да играат на ЕП и СП?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пандемијата со вирусот се влошува, па поради тоа се преземаат дополнителни мерки пред Светското првенство за жени во Шпанија и Европското првенство во машка конкуренција.

Претседателот на Бундеслигата, Уве Швенкер во интервју за медиумите кажа дека на настаните ќе може да играат само вакцинирани ракометари.

„Постојат информации дека на Светското првенство во Шпанија и Европското првенство во Словачка и Унгарија ќе мора да играат само вакцинирани ракометари“, вели Швенкер.

Засега официјална потврда за вакви строги мерки нема, но се очекува во следниот период соопштение од ЕХФ и ИХФ за ситуацијата со вирусот.