Сан Антонио го изненади Лејкерс, Дончиќ подобар од Јокиќ во одличен меч 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата ноќ се одигра мечот меѓу Денвер нагетс и Далас маверикс, а славеше екипата на Лука Дончиќ со 124-117.

Тоа беше одлична пресметка меѓу Дончиќ на едната страна и Никола Јокиќ на другата страна на паркетот.

Јокиќ постигна 38 поени, 11 скокови и четири асистенции, додека Дончиќ постигна 38 поени, но имаше и 13 асистенции и девет скокови.

Бруклин нетс беа подобри од Филаделфија со 122-109, а Харис постигна 28 поени. Сан Антонио го изненадија Лос Анџелес Лејкерс со 118-109, а ЛеМаркус Алдриџ постигна 28 поени, додека Леброн Џејмс постигна 12 поени.