Сан Антонио го урна рекордот во посетеност на еден меч во НБА (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Натпреварот меѓу Сан Антонио спарс и Голден стејт вориорс го следеа дури 68.323 гледачи во салата и тоа е нов рекорд во НБА-лигата.

Дуелот се играше во салата „Аламодом“ во Сан Антонио, а синоќа беше урнат претходниот рекорд кој беше поставен во 1998 година кога Чикаго играше против Атланта.