Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алексис Санчез стигна како големо засилување во Манчестер јунајтед на почетокот на 2018 година од Арсенал. Тој стана најплатен фудбалер со неделна плата од 500.000 фунти, но на крајот се покажа како едно од најголемите промашувања во историјата на англискиот фудбал.
Чилеанецот речиси сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната, но Јунајтед има голем проблем околу продажбата. Дури го нудат Санчез на позајмица со опција тие да му плаќаат дел од платата.
Но, примарна цел на Јунајтед е да го продадат, а за него постојат веќе неколку заинтересирани клубови. Интер и Јуве беа во прв ред за да го ангажираат, па имаа и преговори со самиот фудбалер.
Сепак, тој сака плата од неверојатни 12 милиони евра годишно, а тоа тешко дека италијанските екипи ќе му го исполнат.
Наводно, Интер му порачал дека ќе го ангажира, но само доколку Санчез реши да ги намали своите (не)нормални барања.