Санчез: Не ми е жал што дојдов во Манчестер јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Последните месеци во Арсенал ги помина незадоволен, по што си овозможи трансфер во Манчестер јунајтед. Сепак, таму се посрамоти и не наликуваше воопшто на фудбалерот кој настапуваше во лондонскиот гигант.

Големата желба да игра за Јунајтед му се исполни, но откако не успеа да се прилагоди, Санчез замина на позајмица во Интер за да ја спаси кариерата.

Сепак, Санчез вели дека не жали поради пристигнувањето на „Олд Трафорд“, кадешто беше фудбалер со најголема неделна плата, но од јануари 2018 година постигна само пет гола.

„Многу сум среќен што заминав во Манчестер јунајтед. Секогаш тоа го кажував и сега го потврдувам. Тоа е најтрофејниот англиски клуб. Бев среќен и кога дојдов во Арсенал. Но, Јунајтед се развиваше и сакаше трофеи, а моја желба беше да бидам дел од тоа“, кажа Санчез.