Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алексис Санчез одигра одличен меч во победата на Чиле против Еквадор од 2-1. Чилеанецот на почетокот на второто полувреме постигна гол за победа и така обезбеди четвртфинале за својата репрезентација на Копа Америка.
Чилеанецот беше критикуван жестоко по пристгнувањето во Манчестер јунајтед, зашто не покажа ништо од тоа што се очекуваше од него.
По синоќешниот меч Санчез кажа дека му е чест што игра за својата репрезентација, па дека не е изненадување затоа што е во форма. Алексис на свој начин му испрати порака на тренерот на „ѓаволите“, Оле Гунар Солскјер.
„Секогаш имам голем ентузијазам кога станува збор за натпреварите, но во Англија во последно време речиси и да немав шанса да играм. Опуштен сум во моментов. Претставувањето на својата репрезентација е најубавата работа којашто постои“, кажа Санчез.