Санчо дефинитивно си заминува од Борусија Дортмунд: Четири тима заинтересирани за фудбалерот


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Младиот англиски репрезентативец, Џејдон Санчо дефинитивно ќе си замине од редовите на Борусија Дортмунд следното лето.

Имено, „Дејли Мејл“ пишува дека 19 годишниот фудбалер се одлучил за нов предизвик во кариерата и ќе им посочел на „милионерите“ дека сака да си замине.

За одличниот млад фудбалер има сериозен интерес од Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и ПСЖ, а во последно време за него се распрашувал и тимот на Ливерпул кој сака да ја засили офанзивната линија  следното лето.