Санчо и Стерлинг до врв ја наполнија мрежата на Косово уште на полувреме(Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентацијата на Англија до врв ја наполни мрежата на Косово и тоа по само едно полувреме.

„Гордиот Албион“ веќе има предност од 5:1, а речиси во сите голови учествуваа Џејдон Санчо и Рахим Стерлинг.

Бериша уште во 1. минута го отвори резултатот, а потоа на теренот постоеше само репрезентацијата на Англија.

Во 8. минута Стерлинг израмни на 1:1. Во 19. минута водство за Англија донесе Хари Кејн на асистенција на Рахим Стерлинг. Во 38. минута Војвода си постигна автогол по едно нафрлање од Џејдон Санчо.

Фудбалерот на Борусија Дортмунд потоа беше стрелец на следните два погодоци постигнати во 44. и 46. минута од првото полувреме.