Санчо никој не го сака: Причината се – парите!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Џејдон Санчо дефинитивно нема да остане во Манчестер јунајтед, но се соочува со голем проблем да најде нов клуб.

За англискиот крилен напаѓач постоеше интерес од бројни клубови, но речиси сите се повлекоа од преговорите поради една работа – платата!

Санчо минатата сезона ја помина како позајмен играч во Челси и покажа непостојана форма. Ситуацијата со Манчестер јунајтед остана непроменета и по позајмицата, така што е многу веројатно Санчо да го напушти „Олд Трафорд“.

Фенербахче започна преговори со Санчо, но брзо ги затвори и не дојде до посериозен контакт. Причината е преголемата плата која некогашниот англиски репрезентативец ја бара. Ова не е првиот клуб кој го одбил Санчо поради преголемата плата.

Фото: Принтскрин