Санчо се пресели во Дортмунд: Чувствувам како да сум се вратил дома


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот фудбалер Џејдон Санчо се пресели во Борусија Дортмунд на позајмица, откако претходно имаше неуспешна авантура во Манчестер јунајтед.

Санчо не се прослави со настапите за „црвените ѓаволи“, па потоа се скара и со тренерот Ерик Тен Хаг и поради тоа побара излез од „Олд Трафорд“.

„Кога прошетав низ соблекувалната, се чувствував како да сум се вратил дома. Никогаш не загубив контакт со играчите. Со нетрпение чекам да ги видам и да играме заедно“, кажа Санчо.