Санчо се скара со Тен Хаг, па доби совет за спас на кариерата од Фердинанд


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Легендата на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд му даде совет на Џејдон Санчо кој не е во добри односи со тренерот Ерик Тен Хаг.

Санчо не беше во составот на „црвените ѓаволи“ за дербито против Арсенал (1-3), а на крајот на мечот Тен Хаг кажа дека не бил задоволен од тоа што го забележал на тренингот.

Ова не му се допадна на Санчо, кој го кажа и својот став за ситуацијата и предизвика хаос на „Олд Трафорд“, а потоа се јави и Фердинанд со совет до фудбалерот.

„Нема шанси Џејдон да излезе со вакво соопштение доколку не смета дека доволно се трудел на тренинзите. Но тренерот можеби има поинакви стандарди. Ова може да се реши на два начини. Може да замине во Саудиска Арабија или да седи на клупа цела сезона“, кажа Фердинанд.