Сане испрати порака до „граѓаните“ преку Твитер (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот фудбалер Лирој Сане денеска го комплетираше неговиот трансфер во бундеслигашот Баерн Минхен, каде што пристигна од Манчестер сити.

Сане потпиша договор до 2025 година, па така заврши драмата околу иднината на младиот фудбалер, по што Германецот се јави на социјалните мрежи и им се заблагодари на „граѓаните“.

„Ви благодарам за одличното време и поддршката во претходните четири години. Никогаш нема да го заборавам тој период. Победивме во многу натпревари и постигнавме многу голови. Им благодарам на соиграчите и навивачите. Исто така и до тренерот, кој ме направи подобар фудбалер“, напиша Сане.