Сантош загрижен: Мора да внимаваме, со Македонија ќе биде уште потешко!

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош кажа дека неговите репрезентативци не смеат ниту за момент да ја потценат Македонија, која го шокираше европскиот шампион Италија.

Сите очекуваа дерби меѓу Португалија и Италија, но Македонија им ги расипа плановите, а за малку такво нешто можеше да направи и Турција.

Португалија водеше со 2-0 во Турција, по што Турците намалија на 1-2, а имаа шанса од пенал и за 2-2, но сепак не успеаа да ја реализираат.

„Треба да имаме голема почит кон Македонија, исто таква каква што би имале кон Италија. Ви кажав и претходно дека постои можност да играме со нив. Овие натпревари не се шега, тие се како финале и сè може да се случи. Треба да бидеме внимателни“, кажа Сантош.