Сантош: Ждрепката е тешка, но Португалија ќе игра на СП во Катар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалија го доби најтешкиот бараж затоа што во истиот дел се репрезентациите на Италија, Македонија и Турција, па еден од гигантите, а можеби и двата ќе останат без настап на Светското првенство (СП) во Катар.

Селекторот на Португалците, Фернандо Сантош е убеден дека ќе триумфираат против Турција, а потоа ќе заиграат и против Италија, која за предизвик во полуфиналето на баражот ја има Македонија.

„Мораме прво да се фокусираме на натпреварот со Турција. Се игра само еден натпревар и немате право на кикс. Позитивната страна на ждрепката е што ќе играме дома, но тоа не значи дека сигурно одиме во финале. Турција е квалитетна репрезентација, но убеден сум дека ако ние го покажеме нашиот квалитет ќе играме на Мундијалот“, кажа Сантош.