Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски си најде нов тим, односно потпиша за Сараево, кој денеска го промовираше на официјалната веб-страна.
Аврамовски се приклучи во Анталија на екипата на Сараево на подготовките и ќе му биде на располагање на неговиот сонародник и тренер Александар Васоски во продолжение од сезоната.
Ова е трет Македонец во тимот на Сараево, зашто од претходно таму игра и легендата на клубот, Крсте Велкоски.
„Аврамовски е врвен фудбалер и стандарден репрезентативец на Македонија. На противниците ќе им прави големи проблеми затоа што има ефикасна завршница. Освен можноста да игра на повеќе позиции, тој е опасен и од прекини. Едвај чекаме да го видиме на теренот во дресот на Сараево“, вели Васоски.