Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Босанскиот тим Сараево соопшти дека со македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски и уште неколку членови ќе се раздели.
Сараево соопшти дека го прекинале договорот со Велкоски, кој требаше да важи до 2023 година.
„Велкоски се запиша во историјата со своите голови, асистенции и освоени трофеи, па засекогаш ќе го паметиме“, соопштија од клубот.
Македонскиот напаѓач првпат во Сараево стигна во јануари 2014 година, а две години подоцна направи трансфер во Јужна Кореја.
Велкоски остана 18 месеци во Јужна Кореја и Тајланд, по што се врати во Сараево во 2017 година и со многу успех го носеше дресот на босанскиот тим.
Во текот на кариерата во Сараево одигра 235 меча, при што постигна 64 голови и 44 асистенции за екипата.