Сари: 100 милиони евра за Азар? Мислам дека тоа е премалку… (ВИДЕО)


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Ѕвездата на Челси, Еден Азар блесна во мечот против Вест хем, па со два погодоци донесе важна победа за неговата екипа.

Одличната игра доби пофалби и од тренерот Маурицио Сари, кој доби интересно прашање од медиумите за иднината на Белгиецот, кој се поврзува постојано со Реал Мадрид.

„Јас мислам дека се малку 100 милиони евра за него на ваков пазар. Не можам ништо да направам за да го убедам да остане, но имам ист став со управата, а тоа е дека Азар треба да остане со нас“, вели Сари.

Претходно и Азар доби прашање поради „провокациите“ од навивачите на Вест хем, кои скандираа дека Белгиецот се сели во Мадрид, но тој кажа дека тоа не е вистина.