Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус вчера соопшти дека тренерот Маурицио Сари нема да биде присутен на првиот меч во италијанската Серија А, откако му било дијагностицирано воспаление на белите дробови, по долга борба со вирус.
Сари се разболел минатата недела и неколку пати побарал медицинска помош. Тој не го предводеше тимот во пријателскиот меч во саботата, а потоа ниту на тренинг.
„Во доцните попладневни часови бил на тестови, кои потврдиле дека има воспаление на бели дробови, за кои е потребна посебна терапија“, соопштија од Јувентус.
Италијанските медиуми пишуваат дека Сари нема да биде подготвен да го води италијанскиот шампион од клупата на мечот против Парма.