Сари има листа со желби: Јувентус тргнува по две големи ѕвезди!?

По пристигнувањето на Маурицио Сари на клупата на Јувентус, италијанските медиуми прават можна формација, која ќе ја користи тренерот во редовите на „Старата дама“.

Според „Скај Спорт“, Сари ќе користи формација 4-3-3 или 4-3-1-2. Постои опција и без никакво засилување, односно пристигнување на неговите желби Пол Погба и Федерико Кјеза да се состави екипата.

Во случај да не пристигнат неговите желби, тогаш првиот тим ќе изгледа вака:

Шчесни, Кансело, Алекс Сандро, Бонучи, Кјелини, Пјаниќ, Емре Чан, Матуиди, Ремзи, Дибала и Роналдо.

Сепак, доколку пристигнат споменатите засилувања, тогаш дефинитивно ќе има промени во првата екипа:

Шчесни, Де Шиљо, Алекс Сандро, Кјелини, Бонучи, Пјаниќ, Ремзи, Погба, Кјеза, Роналдо и Бернардески.