Сари ја откри иднината на Худсон-Одои во Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Калум Худсон- Одои ќе биде во Челси и следната сезона и покрај тоа што не сака да го продолжи договорот со клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Ова го потврди тренерот на Челси, Маурицио Сари кој истакна дека талентираниот 18 годишен фудбалер ќе остане во Челси и покрај тоа што го одби богатиот нов договор со кој би заработувал 85.000 фунти неделна плата.

Баерн Минхен сериозно притиска за неговиот потпис, додека пак од страна работата ја набљудуваат и од Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

„Мислам дека тој ќе остане. Не знам дали тој ќе потпише нов договор, но мислам дека ќе остане овде во кое и да е сценарио“ –заклучи Сари.