Сари: Можам да му дадам совет на Азар само како татко!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Маурицио Сари уште еднаш кажа дека не е тој главен за купување и продавање на фудбалери во тимот.

За трансферот на Белгиецот во Реал Мадрид постојано се шпекулира, а и самиот Еден Азар кажа неколку пати дека не размислува за такво нешто додека сезонава не заврши.

„Не знам. Ако Азар мисли дека тука завршил, тогаш тоа е тоа. Можам да разговарам со него. Би сакал да остане, но само ако тоа го сака и тој. Како што знаете, јас не сум главен за трансферите. Можам да зборувам со управата. Не сум задолжен за преговори со фудбалерите, затоа не можам да ви кажам. Можам да разговарам со Азар само како татко, но не и како тренер“, вели Сари.

Според англиските медиуми, наводно, лондонскиот клуб е подготвен да го продаде Азар за 130 милиони евра, но нема да може да купи негова замена, зашто имаат забрана од ФИФА.