Сари: Навивачите на Феенорд нè прскаа со урина


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лацио беше елиминиран од Лига Европа, односно го освои третото место во групата и ќе продолжи во Конференциската лига на пролет.

Тренерот на „небесно-сините“, Маурицио Сари не беше задоволен од натпреварот, при што ги нападна домашните навивачи дека се однесувале непристојно и ги прскале со урина.

„Судијата би го изнервирал секој човек со неговото однесување. Да бев претседател на тимот и да можев да одлучувам, воопшто не би играле во Конференциската лига. Пречекот беше катастрофален. Навивачите на Феенорд фрлаа урина кон нас. Тоа беше ужасно“, вели Сари.

Лацио в понеделник на ждрепката ќе дознае кој ќе му биде ривал во Конференциската лига.