Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маурицио Сари побара да се раскине договор од Челси, иако има уште една година од договорот, но сака да го напушти клубот.
Постојаните критики на навивачите, но и фактот дека клубот не ги поддржал неговите услови за да остане, го натераа Сари да побара раскинување на договорот.
Меѓутоа, Челси од Јувентус бара да им биде исплатена последната сезона од договорот на Сари, околу пет милиони фунти.
Сари во разговорот, во кој учествувал и неговиот менаџер Фали Рамадани кажа дека поради семејни причини сака да се врати во Италија.
Заедно со Сари во Јувентус треба да се врати и Гонзало Игуаин, но таму Италијанецот сака да го однесе и Емерсон Палмиери, левиот бек на Челси.