Сари не можеше да издржи, па си запали цигара на трибини! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус го прославија освојувањето на Серија А против Рома со пораз од 1-3 на домашен терен, но во центар на внимание беше тренерот на „Старата дама“, Маурицио Сари.

Сари не успеа да издржи до крајот на мечот, па си запали цигара на трибините додека гледаше како неговите избраници го губат натпреварот.

На социјалните мрежи беше објавена фотографија и од Кристијано Роналдо и Пауло Дибала, кои беа изненадени кога забележаа дека Сари си запалил цигара.

Секако, пушењето на стадионите во Италија е строго забрането, па се очекува реакција од Италијанската фудбалска федерација, која треба да го казн Сари.