Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Челси, Маурицио Сари кажа дека Оливие Жиру нема да замине од Лондон и покрај тоа што Французинот призна дека не е задоволен со својата улога во тимот.
Сари вели дека разговарал со управата и ќе се обиде да ја искористи можноста да му го продолжи договорот на Жиру на уште една година.
„Клубот има опција да го продолжи договорот на уште една година. разговарав со управата и се договоривме да ја искористиме таа можност. Па тоа значи дека тој ќе остане“, кажа Сари.
Жиру сезонава постигна 12 голови во сите натпреварувања, но само два во Премиерлигата, каде што беше стартер на само седум натпревари.