Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари беше претставен на почетокот на неделата, па тоа предизвика многу реакции.
Поранешниот тренер на Челси беше на посета кај Кристијано Роналдо, па му ја кажал својата идеја, односно желба Португалецот да игра како „лажна деветка“, нешто што се обиде Сари да го имплементира и во Наполи.
Во Наполи таа позиција одлично му одговараше на Дрис Мертенс, додека истото го проба и во Челси, но таму имаше проблеми со Еден Азар.
Кај Роналдо тоа не би требало да биде проблем, минатата сезона тој беше во самиот центар на нападот. Па сезонава ќе има повеќе шанса да игра како напаѓач, а Сари гарантира дека може да го урне рекордот од 36 гола на Гонзало Игуаин.