Сасуоло го „сопна“ Јувентус и му направи услуга на Интер (ВИДЕО)


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Јувентус на домашен терен денеска одигра 2-2 против Сасуоло, па не ја оправда фаворитската улога која ја имаше. Гостите се покажаа како незгоден противник и освоија важен бод.

„Старата дама“ поведе преку Леонардо Бонучи во 20. минута, но само две минути подоцна Жереми Бога го лобуваше Буфон за 1-1.

На стартот на второто полувреме следеше изненадување за Јувентус, откако Фернандо Капуто погоди за 2-1, а потоа Јувентус имаше еден куп шанси, по што Кристијано Роналдо израмни на 2-2 од пенал.

Јувентус останува лидер со 36 бодови, па сега Интер има шанса со победа против СПАЛ да го преземе лидерското место во италијанскиот шампионат.