Саудиска Арабија се откажа од Мундијалот во 2030 година?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многумина ја нападнаа Светската фудбалска федерација (ФИФА) дека Саудиска Арабија вложува многу пари во фудбалот за полесно да ја добие организацијата на Мундијалот во 2030 година, но шпанска „Марка“ пишува дека државата ја повлекла кандидатурата.

Министерот за надворешни работи на С. Арабија, Фајсал бин Фархан Ал Сауд вечерва ги известил сојузите на Грција и Египет дека неговата земја се повлекува.

Наводно причина за повлекувањето на С. Арабија е сериозната конкуренција бидејќи за организација на Мундијалот се заинтересирани многу други земји.