Саул го соопшти името на новиот клуб и ги изненади сите! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Саул Нигез пред неколку дена ги загрижи сите во Атлетико Мадрид, откако на својот профил на Твитер објави дека наскоро ќе го откри името на новиот клуб.

Многумина помислија дека се договорил со некоја друга екипа, но тоа се покажа како неточно. Саул објави дека ќе почне фудбалски проект во својот роден крај, а проектот ќе се вика Клуб Коста Сити и ќе има 30 тимови и над 500 фудбалери во различни категории.

Проектот ќе биде фокусиран на момчиња и девојчиња од четири до 18 години. Тие ќе добијат шанса за образование и да се занимаваат со спорт.

„Го развиваме проектот со години и среќен сум што денеска можам да кажам дека е официјално“, кажа Саул.