Саул откри зошто го напуштил Атлетико Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челси во последните минути од летниот преоден рок се засили со Саул Нигез, кој пристигнува од Атлетико Мадрид.

Саул по трансферот во европскиот првак откри дека неговите односи со тренерот Диего Симеоне биле главна причина за заминувањето.

„Три сезони играм на три различни позиции. Зборував со Диего Симеоне и не сакав да играм на позиција која не е моја. Челзи ми вети дека ќе можам да играм на позиција која ја сакам, па ова е голем предизвик за мене. Во Атлетико сум од 13 години и ова беше најтешка одлука за мене во животот. Жално е што не можам да се збогувам со фановите. Во неделата не знаев дека може да заминам, тогаш планот беше дека останувам. Тоа се промени во еден ден“, кажа Саул.