Саул открива: Бев нервозен, мислев дека нема да се реализира трансферот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Саул Нигез во последните минути од трансфер периодот се пресели во Челси, а шпанскиот фудбалер откри како се чувствувал.

Нигез откри дека се чувствувал како Давид де Хеа, чиј трансфер во Реал Мадрид не се реализираше пред неколку години затоа што клубовите задоцнија да ги предадат документите пред полноќ.

Саул, за разлика од Де Хеа, имаше среќа и му успеа трансферот поради тоа што документите биле предадени во 23.57.

„Часот точно беше 23:57 кога се заврши ревизијата на документацијата за трансферот, потоа истото требаше да се направи и од другата страна. Мислев нема да се заврши, се чувствував како Де Геа. Бев нервозен, долг ден е зад мене. Мојата сопруга исто беше нервозна затоа што ова воопшто не беше лесна одлука. Не е едноставно да си го напуштиш домот“, кажа Саул.