Саутемптон ја прифати понудата, Ливерпул добива страшно засилување!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Изгледа дека е готово, екипата на Јирген Клоп добива одлично засилување.

Ливерпул е на чекор од доведување на Садио Мане во своите редови.

Мане е мета на Јирген Клоп откако Германецот се откажа од Марио Геце.

Се зборуваше дека Светците нема да прифатат на помалку од 40 милиони фунти, но според последните наводи е скршен отпорот на управата на клубот од Сент Мери.

Понудата од 30 милиони британски фунти е прифатена, и се очекува дека Мане во текот на утрешниот ден ќе ги изврши медицинските прегледи и ќе стави параф на договор со Редсите.

Да потсетиме дека Мане во минатата сезона постигна 15 голови за Саутемтпон, а токму на Ливерпул даде четири.

Во последниот дуел на овие две екипи, влезе од клупата и со два гола го сврте резултатот во корист на Светците што се изненади Клоп.

Доколку се се одигра според очекувањата, Мане ќе стане трета најскапа инвестиција на клубот, позади Едни Керол и Кристијан Бентеке.

Што се однесува до Светците, тие се без тренер откако нив ги напушти Роналд Куман, а главен кандидат да го завземи неговото место е поранешниот тренер на Лион, Ница и Монако, Клод Пуел.

Иако немаат шеф на стручниот штаб, доведоа засилување и продадоа еден играч, како што вчера на Сент Мери дојде Нејтан Редмонд, а пред неколку дена ги напушти Виктор Вајнама кој кариерата ќе ја продолжи во Тотенхем Хотспурс.