Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англиските фудбалери запишаа две победи на почетокот од квалификациите за Европското првенство (ЕП), откако беа подобри од Италија и Украина.
Селекцијата на Герет Саутгејт одигра два одлични меча, по што новинарите го прашаа дали планира да експериментира во јуни, кога ќе игра против Малта и Македонија.
Иако многумина сметаат дека најголемите ѕвезди заслужуваат одмор поради напорната сезона, сепак така не мисли Саутгејт.
„Ние ја претставуваме Англија и ќе играат најдобрите. Секој повик мора да биде заслужен, никој нема да го добие на подарок. Ништо не може да предвидиме во фудбалот“, кажа Саутгејт.
Англија ќе игра против Малта на 16 јуни, а три дена подоцна ќе се соочи против Македонија.