Саутгејт не го повика Рашфорд за ЕП 2024, Овен веднаш реагираше на одлуката

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт не го повика Маркус Рашфорд за Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи ова лето во Германија.

Рашфорд не доби повик кај Саугејт, а одлуката ја објасни со тоа што кажа дека има подобри опции од него.

Легендарниот Мајкл Овен смета дека Саутгејт направил грешка со овој потег и Рашфорд требало да добие повик.

„Изненаден сум од одлуката на Саутгејт. Рашфорд имаше лоша сезона, но фудбалот на ЕП е различен и тој секогаш беше уверлив. Имаме многу напаѓачки таленти, но малкумина се со брзината на Рашфорд“, вели Овен.