Савевски: Ќе се обидеме да ја изненадиме Холандија!

Македонските ракометарки вечерва од 18 часот ги очекува дуел против Холандија во второто коло од Европското првенство (ЕП).

Селекторот на Македонија, Љубомир Савевски вели дека Холандија е една од најсилните репрезентации во светот.

„Најмногу работиме на мотивацијата на ракометарките. Важно е сите да бидеме на високо ниво и пред полна сала да ги изненадиме. Холандија ја растури Норвешка со 10 гола разлика и тоа доволно зборува за нивниот квалитет. Треба да бидеме објективни, но ќе се обидеме да изненадиме“, вели Савевски.

Македонија во првиот меч загуби од Франција со 14-24.