Саво Милошевиќ поднесе оставка во Партизан


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Тренерот на Партизан, Саво Милошевиќ, поднесе оставка, пренесува „Телеграф“. Неофицијално, причината е што не успеа да се договори со новото раководство на клубот околу намалување на платата, така што веднаш реши да замине од клубот, а претседателот на Работната група Расим Љајиќ и неговите соработници ќе мора да најдат ново решение.

Новото раководство на клубот најави „намалување на трошоците“ на сите страни и се зборуваше за преговорите кои ќе имаат и со првиот тренер Саво Милошевиќ.

Се чинеше дека ќе постигнат договор, но Милошевиќ не се согласи со намалување на платата и поради тоа поднесе оставка. За сега не е познато од колку голем дел од платата Партизан барал да се откаже Милошевиќ, а претходно се шпекулираше дека тренерот „може да оди до 10 проценти“.

Како што е познато, голем број вработени во Партизан си заминаа поради тоа што не се согласија на намалување на платата или бидејќи тогаш беше оценето дека се „вишок“ и најдобро е за двете страни да се разделат, но малкумина очекуваа дека во истата таа група луѓе ќе биде и првиот тренер Саво Милошевиќ.