Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Една од најдобрите македонски ракометарки, Јована Саздовска замина од Дунареа Браила и потпиша за ЧСМ Слатина, каде што ќе ја дели соблекувалната со голманката Јована Мицевска.
ЧСМ Слатина минатата сезона испадна од елитата, но сака експресно да се врати во Првата лига и Саздовска ќе треба да помогне во таа задача.
„Среќна сум што доаѓам во ЧСМ Слатина. Едвај чекам да почне шампионатот и да уживам во ракометот со колешките и навивачите. Имам високи очекувања“, кажа Саздовска.