Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европската ракометна федерација (ЕХФ) соопшти дека Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе биде домаќин на Скопје на Европското првенство (ЕП) за жени, кое е закажано да се одржи пред крајот на 2022 година.
ЕП ќе се одржи во повеќе земји, меѓу кои и Македонија, а освен тоа домаќини ќе бидат Словенија и Црна Гора, додека натпреварите во државава ќе се играат во Аеродром.
Првенството ќе се одржи од 4 до 20 ноември, а за амбасадор на настанот е избрана словенечката пејачка Сенида, која ќе ја изведе и официјалната химна на првенството.