Сцената која најдобро ја отсликува атмосферата во Барселона


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона повторно не успеа да победи. Овој пат Атлетико Мадрид. Титулата е подалеку и подалеку од Ноу Камп, и поблиску до Реал Мадрид.

Во последниве денови многу се пишуваше за атмосферата во Барселона. Впечаток е дека Кикe Сетиен веќе ја загуби довербата на играчите, особено на најголемите sвезди.

Лионел Меси во саботата го игнорираше асистентот Едер Сарабија, бидејќи се обиде да му даде совет, па дури и на натпреварот против Атлетико можеше да се види дека некои работи не функционираат.

За време на паузата за освежување, фудбалерите на Барселона воопшто не застанаа заедно, тие не разговараа едни со други со намера да најдат идеално решение и да ги исправат грешките.

Со говор на телото да се напомене дека Сeтиен стоеше покрај линијата, додека некои играчи како Луис Суарес и Лионел Меси повеќе гледаа кон клупата на Атлетико отколку што се грижеа за својот клуб.

Од друга страна, сосема спротивно. Сите што играа за Атлетико се собраа околу Диего Симеоне и внимателно ги слушаа неговите совети и критики.