Сцени од тренингот покажуваат каков е односот меѓу Нејмар и Мбапе 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Камерите го снимија моментот кога Килијан Мбапе се жалеше од Нејмар затоа што не сакал да му ја додава топката.

Сепак, сцените од тренингот пред мечот против Манчестер сити во Лигата на шампиони (ЛШ)  покажаа дека нивниот однос е добар.

На снимките се гледа како двете ѕвезди соработуваат и имаат коректен однос, а тоа го потврди и Маурицио Покетино на прес-конференцијата пред натпреварот.

„Тоа се фантастични фудбалери. Такви работи се случуваат меѓу ѕвездите. Тие се натпреварувачи и секогаш имаат цел да победат. Се крена многу прашина на оваа тема, но немаше ништо меѓу нив“, вели Покетино.