Се чекаше цели 40 години: Јокиќ со одбрана на МВП-титулата го направи невозможното!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше прогласене за МВП втора сезона по ред, па направи нешто што не му успеало на никој уште од 1982 година.

Кошаркарот на Денвер нагетс успеа да го повтори успехот од минатата сезона, кога за првпат ја освои престижната награда.

Јокиќ стана петти центар во историјата на најсилната кошаркарска лига на кој му успеало такво нешто.

Пред него тоа им успеа на Карим Абдул-Џабар, Бил Расел, Вилт Чемберлен и Мозес Мелоун.

Мелоун беше последен центар кој му успеа тоа во 1979 и 1982 година, а Србинот оваа година стигна до наградата откако во просек постигнуваше по 27,1 поен, 13,8 скокови и 7,9 асистенции.