„Се чувствував глупаво, пријателите ми беа лажни, се пијанчев…“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жереми Менез на почетокот на кариерата беше голем талент и имаше потенцијал да стане многу добар фудбалер, но никогаш не успеа да ги исполни очекувањата, иако играше во неколку врвни клубови.

Поранешниот фудаблер на Монако, ПСЖ, Рома, Милан го скршија медиумите, а Менез вели дека поради некои новинари се чувствува глупаво.

„Често во текот на кариерата бев глупав. Не ми се допадна како новинарите пишуваат за мене, но јас им помагав така да размислуваат. Понекогаш бев вистински идиот, имав чуден карактер, мразам неправда и многу пати прочитав вести за себе кои не беа вистински. Тоа ми е доволно да реагирам. Некогаш се пијанчев поради лажните вести. Сепак, имам деца кои ме сакаат, прекрасно семејство, не ми е гајле за никого повеќе“, кажа 32-годишниот фудбалер.