Се е договорено: Позната е судбината на Лео Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона Лионел Меси ќе потпише нов договор со клубот кога ќе го заврши летниот одбор бидејќи неговиот татко и менаџерот Хорхе ги одобрија понудените услови.

Според наводите на весникот „Мундо Депортиво“ , Барселона се концетрираше на обновување на договорот на Меси после што конечно се решија сите сомнежи околу договорот на Нејмар.

Весникот, кој е близок до клубот, наведува дека првата ѕвезда на тимот ќе добие и зголемување на платата.

Барселона планира и да ги продолжи договорот со Иван Ракитиќ и Луис Суарез, но клупската политика е да се дава приоритет на играчите кои имаат уште две години до истекот на договорот.

Управата на Барселона сака Меси да игра на новиот „Ноу Камп“ во 2021 година, а договорот и сите документи се спремни за потпис кога 29-годишниот играч ќе дојде на подготовки.

Таткото на Меси, како што пренесува истиот весник, прифатил на споменатите услови, па може да се очечува момчето кое на 533 натпревари за Барса постигна 456 голови и има 212 асистенции, ќе продолжи  да блеска во дресот на истата екипа.