Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесува „Ил Матино“, Наполи се договорил со Фиорентина и во следната сезона ќе влезе исклучително засилен.
Имено, Наполитанците во Фиренца го купија играчот за врска, Жордан Веретуа, некогашниот фудбалер на Астон Вила и Нант, кој во Фиренца конечно ги покажа своите квалитети.
Бројни екипи покажаа интерес за неговите услуги, но Наполи беше без и конкретен за разлика од конкуренцијата, па Французинот од следната сезона ќе игра на „Сан Паоло“.
Споменатиот медиум наведува и дека Аурелио Де Лаурентис за Веретуа и неговите услуги ќе мора да издвои околу 20 милиони евра.
Веретуа кариерата ја стартуваше во 2011. година во Нант, по четири години се пресели како голем талент во Астон Вила, но екипата од Бирмингем набрзо испадна во понискиот ранг, па беше на позајмица во Сент Етјен една година.
Потоа Фиорентина го купи летото 2017. година, го платија 7 милиони евра, а тој во екипата запиша 62 настапи и постигна 15 погодоци.