Се фалеше дека лично помогнал да се ангажираат Вернер и Хаверц а сега доби „шут карта“ од Лампард: Рудигер си оди од Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кариерата на Антонио Рудигер во Челси е доведена под голем знак прашалник откако Френк Лампард го изостави дефанзивецот  и за натпреварот со Барнсли.

Германскиот стопер не беше во комбинација ни за натпреварот со Ливепрул, па се верува дека тој воопшто не е во плановите на Френк Лампард за оваа сезона.

Интересно е тоа што Рудигер беше оној кој излегуваше во медиумите со изјави како му помогнал на клубот да ги ангажира Каи Хаверц и Тимо Вернер кои се негови сонародници и кои ова лето пристигнаа на „Стемфорд Бриџ“.

Што се однесува до заинтересирани тимови за стоперот, засега за Рудигер се распрашува само тимоот на ПСЖ кој би можел да го ангажира до крајот на преодниот рок.