Сè ќе беше различно ако Де Хеа во 2009 година прифатеше друга понуда!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот голман Давид Де Хеа е еден од најдобрите голмани во светот, а во Манчестер јунајтед стигна во 2011 година од Атлетико Мадрид.

Меѓутоа, малку недостигаше Шпанецот да има различна кариера ако во 2009 година прифатеше понуда од Виган, кој се натпреваруваше во Премиерлигата.

Откако се проби во Б-тимот на Атлетико во сезоната 2008/09, Де Хеа не беше во можност да игра редовно, а тоа сакаше да го искористи Виган.

Шпанецот призна дека имал понуда од клуб кој во тоа време го предводеше Стив Брус, но Атлетико не сакал да се откаже од неговите услуги.

„Прв пат заиграв за Атлетико во сезоната кога Виган ме контактираше. Сакаше да ме ангажира и бев блиску до потпис“, вели Де Хеа.