Се „крчка“ голем трансфер: Седум скаути на европски гиганти го следеле Елмас  


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас имаше одличен настап за Фенербахче во ремито против големиот ривал Галатасарај (1-1).

Елмас беше стрелец на единствениот погодок за Фенербахче, откако му беше создадена добра шанса во казнениот простор на противниците, а тој не згреши.

Турските медиуми открија утринава дека на мечот имало скаути од неколку европски гиганти, меѓу кои Лацио, Фиорентина, Борусија Дортмунд, Тотенхем, Олимпик Марсеј, Монако и Севилја.

Како што беше познато од претходно, за Елмас беа заинтересирани Лацио, Фиорентина и Тотенхем, а можеби привлекол интерес и од некој друг гигант.

Во секој случај, Елмас ги воодушевил со неговиот настап и погодок за Фенербахче, па сега е уште еден чекор поблиску до трансфер во некој друг европски клуб.