Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекцијата на Реал Мадрид до девет години минатиот викенд го победија Сан Андрес со резултат 31-0.
Родителите на поразените деца, функционерите на клубот и тренерите биле бесни на Реал и сметаат дека тие се однесувале неспортски.
Натпреварот предизвика голем број дебати во Шпанија, а многумина сметаат дека „кралевите“ го понижија ривалот, а тоа предизвика реакција и кај Зинедин Зидан.
„Играчите се на теренот за да играат, а такви работи се случуваат. Грдо е да примите 31 гол, но не може тренерот да каже на децата да не напаѓаат. Вакви работи зависат од Сојузот. Во кошаркарата кога некоја екипа ќе води 50 разлика, натпреварот е готов. Треба нешто слично да се воведе и во фудбалот“, смета Зидан.