Се местат коцките за шокантен трансфер на Бејл на Островот: Велшанецот прифатил да биде позајмен во гигантот од Англија

„Скај Спортс“ пренесува најнова информација поврзана со трансферот на Герет Бејл во Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ никако не можат да го обезбедат потписот на Џејдон Санчо кој е нивна трансфер цел број еден ова лето, а како се доближува крајот на преодниот рок тие сега ќе мора да размислуваат и на нови мети.

Една од алтернативите е и Герет Бејл кој има „замрзнат“ статус во Реал Мадрид, клуб кој по секоја цена сака да се ослободи од него.

Манчестер Јунајтед сега треба да пројави и официјален интерес за да го донесе Бејл на позајмица или перманентно во овој преоден рок.

Според „Скај Спортс“, Бејл не би имал ништо против да се пресели на „Олд Трафорд“ и како позајмен фудбалер и како перманентен трансфер.