„Се надевам дека Мбапе ќе си замине од ПСЖ“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот француски фудбалер Криштоф Дугари кажа дека Килијан Мбапе треба да си замине од ПСЖ.

Дугари смета дека Мбапе стагнира во редовите на францускиот гигант и потребен му е нов предизвик, а таков би можел да добие следното лето кога му завршува договорот.

„Се надевам дека Мбапе ќе си замине од ПСЖ. Мбапе стагнира во Париз, му недостига сила и карактер. Често е невидлив на теренот. Веќе неколку месеци работите во ПСЖ не се добри и затоа мора да замине од клубот. Сите се изморени од приказните дали ќе замине или не. Уморен сум и јас од шпекулациите за неговата иднина. Мора да избере нов клуб за да заврши оваа приказна“, вели Дугари.